Припадниците од составот на полкот за специјални операции во периодот од 09.09 до 25.09.2014 година на полигонот за алпинистичка обука кај Демир Капија реализираат теми од летна алпинистика и планинарење.
За време на обуката припадниците на единицата се фокусираа во извежбувања на тактиките и техниките за пребарување и спасување на тешко пристапен планински терен.
Оваа година, летната аплинистика и планинарење беше реализирана во соработка со инструкторски тим од Швајцарија. На обуката учествуваа и припадници од други државни институции на Република Македонија на кои им е потребен ваков вид на обука како што се: Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата за Заштита и Спасување.
Учесниците на обуката имаа единствена можност да ги разменат искуствата од доменот на планинарењето и алпинизмот како и да ја унапредат меѓусебната соработка. Гостите беа задоволни од организацијата на активностите, но и од високиот степен на обученост, стручност и психофизичката подготвеност која беше демострирана од страна на припадниците на пСО.