Денес, 21.03.2019 година, полкот за Специјални Операции традиционално се вклучи во одбележувањето на 21-ви Март, Денот на пролетта и екологијата.
Во касарната „Илинден“ во Скопје, припадници на полкот за Специјални Операции, предводени од командантот на единицата, бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев, засадија зимзелени дрвца во околината на Видиковецот како дел од активностите кои се преземени за одбележување на Денот на пролетта и екологијата. Традиционално секоја година припадниците на полкот за Специјални Операции се вклучуваат во активностите за одбележување на Денот на пролетта и екологијата како што се садење на садници и чистење и средување на просторот во касарната, и активно работат на подигнување на свеста кај припадниците за екологијата и значењето на природата за животите на сите нас.
Само здрава природа гарантира здрав живот.