Во периодот од 30.03 до 09.04.2015 година припадниците од полкот за Специјални Операции кои се сертифицирани воени падобранци на АРМ во кругот на касарната „Илинден“ изведоа обука за воведување во состојба – „подготвен“.
За време на обуката падобранците од составот на полкот ги повторија и утврдија знаењата од теоријата на скокање, изведуваа скокови на тло, различни видови на доскоци итн. Во текот на обуката ја проверија и потврдија високата физичка спремност и се извежбуваа во практично пакување на падобран за скок. Залагањето и интересот на падобранците беше на одлично ниво иако се работеше за повторување на веќе позната материја. Само со макотрпно извежбување може да се постигне совршенство и да не се остави место за грешки кога ќе дојде време за скок.
Со завршувањето на оваа обука сите припадници од полкот за Специјални Операции кои се сертифицирани воени падобранци на АРМ се во состојба подготвен за скок.