Во период од 23.03.2015 до 27.03.2015 година дел од припадниците на полкот за специјални операции ќе реализираат стационарно логорување на АП Криволак.
Цел на логорувањето е единиците да ја одржуваат високата борбена готовност за извршување на поставените задачи. Во текот на логорувањето ќе се реализираат теми од обуката за кои нема можност да се извежбуваат во касарнски услови, а воедно обуката ќе биде поблиску до реалните услови. Ќе бидат реализирани гаѓања во дневни и ноќни услови од различни видови на вооружување како што се Оклопен Транспортер БТР 80, рачна бомба, митралез, снајперски пушки итн.
Секое логорување претставува ново стекнато искуство кое го надградува секој еден припадник а воедно и самата единица.