Денес во посета на полкот за Специјални Операции (пСО) беше командантот на НАТО Штабот за специјални операции.
Делегација од НАТО Штабот за специјални операции предводена од вице-адмиралот Колин Килрајн беше пречекана од страна на командантот на полкот за Специјални Операции бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев. Цел на посетата на оваа висока делегација на полкот беше размената на информации околу трансформацијата и интеграцијата на специјалните сили на армијата по нашето членство во Алијансата како и понатамошниот развој и можности за соработка. Командантот на пСО согласно насоките на политичкото и военото раководство го информираше вице-адмиралот за своите намери и посакувани цели кој тој ги има за развојот на специјалните сили во Република Северна Македонија.
Пред вице-адмиралот беа демонстрирани достигнатите капацитети на интероперабилност на единицата. Вице адмиралот Килрајн и останатите членови на делегацијата беа задоволни од демонстрираното од страна на единицата и очекуваат брза и ефикасна интеграција и трансформација на специјалните сили на армијата во иднина во НАТО структурите.
ЗБ