На ден 02.07.2019 година, во посета на полкот за специјални операции (пСО), во касарната „Илинден“, престојуваше военото аташе на Обединетото Кралство, потполковник Анди Лејтон, по повод претстојната подготовка за меѓуармискиот натпревар „Cambrian Patrol 19“ организиран од Армијата на Обединетото Кралство.
Потполковникот Анди Лејтон оствари средби со командантот на пСО, бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев и командантот на ренџерскиот баталјон, потполковникот Блерим Исмаили, при што беа направени почетни разговори за подготовка на меѓуармискиот натпревар „Cambrian Patrol 19“. Мобилен Тренинг Тим (МТТ) од Армијата на Обединетото Кралство ќе престојува во ренџерскиот баталјон и ќе изврши заедничка обука со персоналот кој ќе учествува на натпреварот со цел запознавање со Стандардните оперативни процедури и техниките и начинот на оценување за време на натпреварот.
Минатата година тим од ренџерскиот баталјон учествуваше на меѓуармискиот натпревар „Cambrian Patrol 18“ и го освои второто место на натпреварот, во конкуренција на 138 тимови.