На ден 19.02.2014 година во касарната „Илинден“ се одржа предавање по повод 70 години од Февруарскиот поход.
Предавањето го одржа генерал-полковник во пензија Тодор Атанасовски претседател на Главниот одбор на Сојузот на здруженија на борци од НОБ на Македонија. На предавањето присуствуваа околу 100 припадници од сите единици кои се распоредени во касарната.
Присутните слушатели имаа можност да се запознаат со историското и воено значење, кои биле целите на Февруарскиот поход, како и со борбените дејства кои се одвивале и нивните форми. Февруарскиот поход е една од најзначајните воено тактички операции за време на Народноно ослободителната војна во втората светска војна. Со Февруарскиот поход особено со така наречената Пролетна офанзива биле создадени поголеми географски целини на ослободени територии.