Денес 18.08.2014 година во касарната „Илинден“ – Скопје се одржа свеченост по повод 18-ти Август денот на АРМ.
Пред започнувањето на прославата делегација составена од заменикот командант на полкот за специјални операции и командантите на баталјоните положија свежо цвеќе на споменикот на загинатите припадници на полкот во Вејце.
Свечениот строј по повод прославата на Денот на АРМ го сочинуваа ешелони од повеќе единици на АРМ кои се сместени во касарната „Илинден“. Пред стројот пригоден говор одржа заменикот команднат на полкот за специјални операции полковник Орце Јордев.
На свеченоста се реализираше и церемонија за доделување на стимулативни мерки, значки и обележја за покажаните резултати во изминатата година како и унапредување на офицери и подофицери во АРМ.