Во текот на изминатите 10 дена, во италијанските планини Доломити, во познатото туристичко и историско место Tre Cime di Lavaredo, се реализираше меѓународната вежба „Lavaredo 2019“, на која активно учество зеде и тим од инструктори по алпинизам од полкот за Специјални Операции.
По веќе разработено сценарио од земјата домаќин, беше извршено тактичко искачување и обука по летна алпинистика и јазење, а во вториот дел беше реализирана и самата вежба. Целта на вежбата беше прикажување на методи за справување со диверзантско-терористичка група на висок планински премин, при што беа прикажани начини на инфилтрација по копнен пат како искачување на вертикални правци и спуштање по фиксни линии и репелинг, и инфилтрација по воздушен пат со хеликоптери со техниките фастроуп и репелинг. Нашиот тим заедно со другите странски тимови беше ангажиран во делот на тактичко искачување. Во вежбата освен нашиот тим учествуваа тимови од специјални единици од 6 земји, меѓу кои и претставници на НАТО школата за планинско војување од Словенија.
Полкот за Специјални Операции учествува на оваа вежба по петти пат, со што оваа година вежбата за прв пат се одржува на спомената локација. Учеството на вежбата придонесе да се согледаат предностите и важноста на воениот алпинизам во планинските операции.