По повод 123-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев, денес 4 мај, делегација на Армијата, предводена од директорот на Генералштабот на Армијата бригаден генерал Орце Јордев, положи венец свежо цвеќе пред неговото вечно почивалиште во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Со овој чин, Армијата оддаде длабока почит и признание на ликот и делото на идеологот на македонската револуционерна борба за слобода, чии визии и идеали за правда и рамноправност се вградени во темелите на современата македонска држава.
Неговото дело останува трајно втемелено во традицијата и вредностите на Армијата.








