Општи податоци за вежбата:
Претстојната заедничка вежба на АРМ и Армијата на САД во Европа „Dragoon Guardian 17“ е резултат на меѓусебната воена соработка на АРМ и Армијата на САД во Европа, претходно договорена на меѓусебните средби на НГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски и командантот на Армијата на САД во Европа Фредерик Бен Хоџис. По меѓусебните контакти помеѓу министерството за одбрана на Република Македонија и Амбасадата на САД во Република Македонија договорено е изведување на вежбата. Владата на Република Македонија на седницата одржана на 22.06.2017 година донесе одлука за одржување на вежбата. Вежбата „Dragoon Guardian 17“ ќе се реализира во периодот 26.07.2017- 08.08.2017 година на АП „Криволак“.
Учесници на вежбата:
На „Dragoon Guardian 17“ ќе учествуваат деведесетина припадници на АРМ од инженерискиот баталјон од составот на прва механизирана пешадиска бригада и околу тристотина припадници на „2 Cavalry Regiment“ (2CR) на Армијата на САД во Европа – United States Army Europe (USAREUR). На вежбата ќе учествуваат и припадници од другите единици на АРМ за пружање на логистичка поддршка и воено полициско обезбедување.
Цел на вежбата:
Цел на вежбата е подобрување на интероперабилноста на АРМ со НАТО стандардите, зајакнување на постојното партнерство со САД како и демонстрација на можностите на вооружените сили на двете армии за помош и поддршка на цивилното општество.
Дел од обуката која ќе се изведува за време на вежбата: Забрзано изведување на деконтаминација, меѓусебно запознавање со лично вооружување на двете армии и изведување на гаѓања, Инженериска изработка на слетна патека за беспилотно летало, чистење на рути од импровизирани експлозивни направи и друго.
Поважни датуми:
- 26.07.2017 – Влез на околу припадниците на американската единица на територија на Република Македонија со околу 100 возила и инженериска опрема (транспортот и транзитот ќе се изведе со 5 конвои од по 20 инженериска возила со опрема и персонал);
- 28.07-04.08.2017 – Изведување на заедничка обуката на АП „Криволак“;
- 01.08.2017 – Отворен ден, ден за високи гости и ден за медиуми;
- 05-06.08.2017 – Утовар на опремата на воз;
- 07.08.2017 – Заминување на персоналот од 2 Cavalry regiment.
Цивилно воена соработка:
Во текот на вежбата во неколку локални самоуправи кои ќе бидат дополнително соопштени, припадниците на армијата на САД и АРМ ќе организираат т.н. community events, т.е. претставување на дел од возилата и опремата пред локалното население. Првиот ваков настан ќе се реализира на денот на самиот влез на 26.07.2017 година во Куманово со цел остварување на првичен контакт со населението и нивно запознавање со единицата и претстојните активности.
Медиумско покривање:
Претходно пред претставниците на медиумите ќе биде организиран Брифинг за медиумите каде ќе се соопштат сите детали за вежбата, како и гостувања на припадници на АРМ и 2CR на националните медиуми.
За време на вежбата ќе има отворен ден за медиумите а сите настани ќе бидат пренесувани преку соопштенија на оваа веб страна, фејсбук страната на АРМ како и на сите национални медиуми во Република Македонија.