Денес, припадниците од втората пешадиска чета од срдената пешадиска баталјонска група (СПБГ) реализираше офанзивни дејствија на полигонот Криволак, во реон на Кршковица, со употреба на симулаторскиот систем МАЈЛС, кој овозможува реализација на реалистична обука, додека припадниците од втората пешадиска чета од СПБГ реализираа подготовки за тактичка вежба со боево гаѓање (ТВБГ) со чета на стрелиштето Џидимирци, како и подготовки за артилериско боево гаѓање (АБГ) со минофрлачки вод 120 мм.
Штабот на СПБГ беше вклучен во процесот на донесување на воена одлука (ПДВО), почнувајќи од приемот на оперативната наредба од претпоставената команда, анализа на мисијата, донесување на одлука на командантот, изработка и доставување на оперативната наредба до потчинетите единици.
Исто така АБХО одделението, како составен елемент на СПБГ, реализираше обука Деконтаминација на база по симулиран напад на база од атомска хемиска и биолошка контаминација (НХБ).
Во текот на денот претставниците од цивилно-воена соработка извршија извидување на местото каде ќе се реализира презентација на вооружување и опрема пред граѓаните на Свети Николе на ден 11.06.2019 со почеток во 18 часот.