Денес, 7 Јуни 2019 година, припадниците од првата пешадиска чета од (СПБГ) реализираа воспоставување и работа на набљудувачница, како и координирање и пребарување на непријателски сили во реон на с. Мушанци додека припадниците од втората пешадиска чета од (СПБГ) реализираа подготовки за Тактичка вежба боево гаѓање (ТВБГ) со вод на стрелиштето Џидимирци, како и подготовки за артилериско боево гаѓање (АБГ) со минофрлач 82 мм со вод.
Во текот на денот преставниците од цивилно-воена соработка извршија извидување на местото каде ќе се реализра презентација на вооружување и опрема од страна на македоската армија и припадниците на САД, пред граѓаните на Гевгелија на ден 08.06.2019 со почеток во 18 часот.
ИН/ ЗД