Во КО „Пепелиште“ од 18. до 21.03.2019 година се реализираше националната работилница за вежбата „Одлучен удар“ на која учествуваа претставници од раководството на вежбата кои го извршат планирачкиот процес.
На почетокот од националната работилница, директорот на вежбата потполковник Игор Манасовски, ги запозна присутните со обврските околу подготовката на документацијата за вежбата со насоки за работа на раководството.
Во текот на националната работилница се стави посебен акцент на изработка на оперативната наредба со прилозите за вежба „Одлучен удар“.
На ден 20.03.2019 година, во посета на работилницата беа претставниците на Канцеларијата за соработка во одбраната при Амбасадата на САД, претставници од Кабинетот на МО за односи со јавност и КОЈ/ГШ на Армијата, од Секторот за цивилно-воена соработка/МО и Ј-9/ГШ на Армијата и беше реализиран работен состанок околу дефинирањето на датумите за цивилно – воената соработка во текот на вежбата како и медиумско покривање на истите.
Планирачкиот процес за вежбата „Одлучен удар“ завршува во месец април 2019 година, со финалната планирачка конференција на севкупниот тим за планирање на вежбата со учество на претставници од сите примарни елементи за обука.
ЗВ/ИМ