Намена и борбени особини на авион Злин 242Л:
Авионот Злин 242Л е двосед, едномоторен, нискокрилец со фиксен стоен трап од типот на трицикл.
Наменет е за:
- Обука на пилоти;
- Изведување на акробации;
- Влечење на едрилици.
Тактичко-технички карактеристики на авион Злин 242Л:
| Мотор: | Клипен TEXTRON Lycoming AEIO-360-A1B6 |
| Елиса: | Дрвена, трокрака MTV-9-B-C/C188-18a |
| Вкупна работна зафатнина: | 5920 cm³ |
| Сила на моторот: | 200 кс при 2700 в/мин |
| Максимален број на вртежи: | 2700 в/мин |
| Должина: | 6,94 м |
| Висина: | 2,75 м |
| Распон на крила: | 9,34 м |
| Растојание помеѓу тркала: | 2,33 м |
| Гориво: | Авиобензин во два главни резервоари 2х60 литри и два помошни 2х55 литри или вкупно 230 литри |
| Максимална полетна тежина: | 1090 кг |
| Максимална брзина: | 315 км/ч |
| Плафон на лет: | 4500 м |





