Намена и борбени особини на автоматска пушка 7,62 мм М-70 АБ2:
Автоматската пушка 7,62 мм М-70 АБ2 е наменета за уништување на непријателската жива сила и огнени средства. Пушката опремена со тромблон, успешно може да се користи за уништување на оклопни и други борбени возила, бункери, утврдени згради и за зачадување и осветлување на боиштето.
Тактичко-технички карактеристики на автоматска пушка 7,62 мм М-70 АБ2:
Модел | М 70 АБ2 |
Калибар | 7,62х39 мм |
Тежина на АП без рамка | 3,7 кг |
Тежина на полна рамка (30 куршуми) | 850 г |
Тежина на празна рамка за 30 куршуми | 360 г |
Должина на АП со преклопен кундак | |
-со нож | 790 мм |
-без нож | 640 мм |
Должина на нишанска линија | 395 мм |
Тежина на боев куршум М67 | 17 г |
Тежина на зрното на боев куршум М67 | 8 г |
Теоретска брзина на гаѓање | 600 куршуми |
Борбена брзина на гаѓање | 120 к/мин |
Брзина на гаѓање со ТКМ | 3-4 ткм/мин |
Максимален домет на зрно М67 7,62 мм (300) | 2271,1 м |
Почетна брзина на зрно М67 7,62 мм | 720 м/сек |
Маса на нож со ножница за АП | 460 г |
Маса на РАП со 4 полни рамки | 4,415 г |
Основен борбен комплет | 150 куршуми |