Намена и борбени особини на пушка М-93 „Црна стрела“:
Пушката М-93 „Црна стрела“ е наменета за гаѓање на цели на отворен простор и неоклопни возила на далечина до 1500 метри и цели во лесно оклопни возила и цели зад заклони на далечина до 800 метри.
Покрај уништување на жива сила, „Црната Стрела“ може да се користи и за дејство против цели како што се неоклопни и лесно оклопни возила, приземјени авиони и хеликоптери, радари и друга електронска опрема, центри за врска и командни места.
Ефикасна е и за борба против непријателски снајперисти.
Црната Стрела е репетирка,со концепција заснована на Маузеровиот систем.
Пушката се произведува во два калибри. Српската војска ја користи варијантата на калибар 12,7х108 мм, додека за извоз наменета е верзијата 12,7х99 мм.
Тешката цевка е изработена од хром-никел-вандиум челик кој се користи за изработка на топовските цевки. Оружјето се полни со рамка со капацитет од пет куршуми. Енергијата на трзај е ублажена со поставување на двокоморна гасна кочница на устата на цевката и со поставување на два амортизери во кундакот.
Пушката е опремена со оптички нишан Зрак М 94 8×56, а механички нишани не постојат.
На оружјето е вграден и двоножец.
Тактичко-технички карактеристики на пушка М-93 „Црна стрела“:
Калибар 12,7х108 мм – 12,7х99 мм
Тежина на пушката 16 кг – 14,5 кг
Должина на пушката 1670 мм – 1540 мм
Должина на цевката 1007 мм – 840 мм
Капацитет на рамката 5 куршуми
Почетна брзина на зрното 820 м/с – 888 м/с
Ефикасен домет 1600 м
Оптички нишан 8х56