Намена и борбени особини на снајперска пушка 7,9 мм М-76:
Снајперската пушка 7,9 мм М-76 служи за уништување на важни поединечни (неподвижни, моментни, подвижни) и маскирани живи цели на поголеми далечини.
Тактичко-технички карактеристики на снајперска пушка 7,9 мм М-76:
| Модел | М76 |
| Калибар | 7,9 мм |
| Тежина на ПАСП без оптичкиот нишан | 4,6 кг |
| Тежина на оптичкиот нишан со носач | 0,65 кг |
| Тежина на празна рамка | 0,23 кг |
| Должина на ПАСП: | 1135 мм |
| Должина на цевката: | 550 мм |
| Број на жлебови во цевката: | 4 |
| Почетна брзина на зрното: | 730 м/с |
| Капацитет на рамката: | 10 |
| Сила на чкрапнување: | до 2,5 даН |
| Максимален притисок на барутните гасови: | 3200 бар |





