Денес 25-ти април 2014 година, на Воениот стадион во градскиот парк во Скопје се одигра натпревар во одбојка помеѓу екипите на ГШ на АРМ и Асоцијацијата на воените аташеа акредитирани во Република Македонија. Натпреварот се одигра во рамките на годишната програма за соработка на ГШ на АРМ со Асоцијацијата на воените аташеа акредитирани во Република Македонија, во која покрај останатите активности е предвидено и дружење преку спортски активности.
Натпреварот беше одлична прилика за запознавање и дружење на припадниците на ГШ на АРМ со воените аташеа, кој протекна во спортски дух и фер атмосвера. Ваквите форми на соработка со воените аташеа ќе продолжи понатаму во текот на годината со одигрување на спортски натпревари и во другите спортови.