Во Центарот за симулации, во Командата за обука и доктрини (КОД), во периодот од 5 до 8 октомври 2026 година припадниците на командата, штабот и првопотчинетите единици на 1.пешадиска бригада, реализираа вежба на командно место на симулациската платформа ЈCАТS.
Целта на вежбата е припадниците на штабот и ППЕ на 1.пешадиска бригада да се извежбаат во спроведување на чекорите при процесот на донесување на воена одлука, планирање и реализација на операции за стабилизација. Согласно можностите што ги дава симулациската платформа, персоналот на 1.пешадиска бригада ги извежба постапките со приближно реални услови при планирање и ангажирање на единиците.
Припадниците на штабот и ППЕ на 1. пешадиска бригада со оваа вежба идентификуваа научени лекции за подобрување при планирање и реализација на вакви и слични операции.
JCATS симулациската платформа овозможува извежбување на сите видови на борбени дејства на единиците на бојното поле во сите метео услови и на било кој терен, неограничен број пати со минимални трошоци. Во Центарот за симулации, командантите и командирите имаат можности и услови за проверка на подготвеноста со цел да се соочат единиците за извршување на мисијата и задачите.
СГ








