По повод 18-ти август Денот на АРМ, утре, 15-ти август, со почеток во 19.00 часот на терените на ФФМ во Ново Лисиче, ќе се одигра ревијален фудбалски натпревар помеѓу екипата на Армијата на Република Македонија и екипата на Фудбалската Федерација на Македонија.
Тимот на АРМ, ќе биде предводен од генерал-мајор Горанчо Котески, додека екипата на Фудбалската федерација ќе биде составена од поранешни професионални фудбалери и репрезентативци на Македонија. Очекуваме фер и спортска атмосфера, убава игра, многу голови и победа на подобриот. Се покануваат новинари, снимателите и фоторепортери, како и сите љубители на фудбалот да присуствуваат на натпреварот.