Во рамките на неколкудневната официјална посета на Република Македонија и Армијата на Република Македонија од страна на високата воена делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД, Вермонт, се остварија обиколки и посети на дел од единиците на АРМ.
Посетите на воени бази, школски центри и различните форми на обука се едни од активностите кои се остваруваат преку воената контакт програма на соработката на АРМ со НГ на Вермонт и Армијата на САД.
Во текот на денешниот ден делегацијата предводена од командантот на НГ на Вермонт, генерал мајор Стивен Креј, придружувана од началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски ја посетија командата на обука и доктрини во Велес.
Притоа делегацијата се запозна со мисијата и задачите на оваа првопотчинета единица на АРМ, со акцент на улогата и можностите на центарот за индивидуална обука и центарот за симулации во функција на изведување на обуката на припадниците на АРМ согласно стандардите на НАТО.
Претходно, во изминатите два дена главниот подофицер на НГ на Вермонт, Тоби Квик во придружба на главниот подофицер на ГШ на АРМ, Свето Цветковски ги посети командите на инженерискиот баталјон и 3.мпб од составот на 1.мпбр. Притоа се запозна со мисијата, декларираните единици и учеството на вежби во земјата и странство на припадниците од овие две единици на 1.мпбр, а се реализираа и средби со главните подофицери и подофицерскиот кор во посетените единици.
Претставници од НГ на Вермонт одговорни за менаџирање на кризи и катастрофи на чело со директорот на Дирекцијата за воена поддршка на НГ на Вермонт, потполковникот Брајан Кавенон, ја посетија и четата за АБХО од 1.мпбр. За време на посетата, претставниците од НГ на Вермонт се запознаа со мисијата и задачите на единицата, а преку тактичко-техничкиот збор и со дел од опремата и техничките средства, вооружувањето и опремата со кои располага четата.
За време на посетите уште еднаш се истакна значењето на континуираните средби за стратешкото партнерство помеѓу НГ на Вермонт и Армијата на Република Македонија кои овозможуваат надградување на соработката со оваа партнерска армија.