Во Командата на 3.механизиран пешадиски баталјон, во касарната во Тетово се одржа редовниот месечен состанок на Командантот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) со командантите и командирите на потчинетите единица на бригадата. Во рамките на редовниот месечен состанок, по завршеното реферирање на командантите на потчинетите единици пред командантот на 1.мпбр бригаден генерал Мирче Ѓоргоски за извршените активности во изминатиот месец и за задачите во наредниот месец, со еден вод од 3.мпб беше реализирана показна вежба на тема „Справување со толпа при обезбедување на државната граница“.
Вежбата беше изведена по сценарио креирано согласно предизвиците со кои се соочуваа припадниците на АРМ при обезбедувањето на државната граница во услови на зачестените мигрански движења како последица на воени дејствија во трети земји. Според сценариото, патрола со јачина од едно одделение при изведување на задача патролирање во реонот за обезбедување на државната граница , се соочува со група на нелегални минувачи-мигранти кои се обидуваат да навлезат во длабочина на РМ.
Во текот на вежбата со повеќе тактички постапки, техники и процедури во справувањето со мигрантите, беше видливо искуството на припадниците на 3.мпб кои како и сите други единици на 1.мпбр, директно учествуваа во обезбедувањето на државната граница во изминатите две години, и сеуште се присутни со одредени активности на јужната и северната граница на Република Македонија.
Показната вежба беше проследена од страна на командантот на 1.мпбр, началниците на секциите од штабот на 1.мпбр, командантите, командирите и првите подофицери од потчинетите единици на 1. механизирана пешадиска бригада.