Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со новиот одбранбен аташе (ОА) на Обединетото Кралство акредитиран во Република Македонија, потполковник Ендрју Лејтон. На денешната средба во ГШ присуствуваа и амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија, Чарлс Герет и досегашниот ОА, потполковник Ричард Пери.
На денешната средба, генералот Величковски на потполковник Ендрју Лејтон му упати честитки за новата должност и срдечно добредојде во Република Македонија. Во рамки на средбата, стана збор за продолжување и интензивирање на досегашната одлична соработка помеѓу двете армии во областа на военото образование, обуката како и за можностите за реализација на заедничка вежба.
Генералот Величковски, на досегашниот ОА, потполковник Ричард Пери, му изрази благодарност и задоволство за досегашниот придонес и стручен ангажман во унапредување на билатералните односи меѓу армиите на двете земји во доменот на одбраната.