Припадниците на АРМ од силите за обезбедување на главниот штаб на мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул, ИР Авганистан, покрај извршувањето на зададените задачи во склоп на должностите за обезбедување на Главниот штаб, заедно со своите колеги од Армијата на САД, во изминатиот период учествуваа во обука и извежбување за поуспешно извршување на доделените задачи во мисијата.
Вежбовната обука која се изведе под името „Ангел чувар“ од страна на инструктори од армијата на САД, се изведе во два термини на ден 14 и 21.02.2018 година имаше за цел да ги подобри знаењата и вештините на сите припадници кои учествуваат во мисијата и ја подобри меѓусебната компатибилност.
За време на обуката со максимално ангажирање, припадниците на АРМ изведуваа постапки за претрес на лица, обезбедување на ВИП личности, но и обука за ракување со личното вооружување кои го користат останатите армии кои учествуваат во мисијата.