Пред командата на баталјонот на Воена полиција (бВП), во касарната „Илинден“ во Скопје, по повод одбележувањето на 17 години од трагичното загинување на капетан 1 класа Љупчо Мирчовски (тогашен командант на бВП), беше положено свежо цвеќе и изразено сочувство на семејството на загинатиот командант пред спомен обележјето подигнато во негова чест.
По тој повод свежо цвеќе положија делегации на Здружената оперативна команда (ЗОК), Секторот служба за воена безбедност и разузнавање (ССВБиР), полкот за Специјални операции (пСО), претставници на единиците при МВР на РМ, делегации на единици кои се сместени во касарната „Илинден“, членови на потесното семејство на загинатиот командант, припадници на резервниот состав на бВП, роднини, пријатели и др.
Со неговите позитивни особини и упорноста во работата ни даваше голем морал во извршувањето на поставените задачи. Како врвен професионалец беше секогаш подготвен за професионално извршување на поставените цели и обврски, професионалец кој даде огромен придонес во градењето на имиџот на бВП, на кој со гордост ќе се сеќаваме и никогаш нема да биде заборавен од припадниците на баталјонот на Воена полиција – беше истакнато на денешното одбележување.