Припадниците на воздухопловната бригада (вбр) од составот на Здружената оперативна команда (ЗОК), со воена свеченост која се реализира во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец го одбележаа 10 јуни-Денот на единицата.
Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал- мајор Азим Нуредин честитајќи им го денот, истакна дека сите нејзини припадници се оспособени и обучени за извршување на задачите кои произлегуваат од специфичната мисија на оваа единица, вежби и мисии во рамки на НАТО структурите, како и при справувањето со различни елементарни непогоди кои ја погодија Република Македонија во минатото .
По краткиот историски осврт за бригадата, командантот на вбр полковник Роберт Малезански во своето излагање пред присутните посочи дека напорите ќе се насочат кон извршување на службата на највисоко можно ниво и со најдобар квалитет, како и кон обновување и квалитетно одржување на техниката, која е од витално значење за извршување на мисијата на единицата и за обука на персоналот со цел одржување на постојано висока борбена готовност на оваа единица.
По повод денот на единицата беа соопштени наредби за унапредување, а пехар и преодно знаме за постигнување резултати во извршувањето на мисијата на единицата доби сквадронот за транспортни хеликоптери.
Во рамки на свеченоста, се релизираше прелет на воздухопловите од вбр и Центарот за обука на пилоти и изложба на материјално технички средства со кои располага единицата.
На одбележувањето на Денот на вбр покарај заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Азим Нуредин, присуствуваа генерали од АРМ, претставници од МО и ГШ на АРМ, командантите на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, поранешни команданти и припадници на единицата и други високи гости.
Постоењето на вбр се темели врз одлуката на Претседателот на Република Македонија од 10 април 1992 година, со која е формирана командата на воено воздухопловство и против-воздушната одбрана на АРМ во чиj состав влезе авијациска бригада со авијациски, транспортен и борбен хеликоптерски сквадрон. Во 2005 година воздухопловната бригада се трансформираше во помала, покомпактна единица наречена воздухопловен ВИНГ (воздухопловна извидувачка напаѓачка група) која фигурира до 2012 година кога повторно се формира воздухопловна бригада во составот на Здружената Оперативна Команда.