Во периодот 19.06.–21.06.2018 година, персоналот од командата и штабот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) и командите и штабовите на потчинетите единици, реализира „Вежба на командно место“ надвор од мирновремените команди на единицата.
По сценарио изработено од штабот на 1.мпбр, за елементарна непогода од поголеми размери во источниот дел на Република Македонија, штабот на бригадата и штабовите на сите потчинети единици се извежбуваа во процесот на донесување на воена одлука, за справување со природни катастрофи, што е една од мисиите на 1.мпбр.
За време на реализација на вежбата, припадниците на штабот на 1.мпбр и штабовите на потчинетите единици, покажаа подготвеност и во услови надвор од своите мирновремени команди, за успешно донесување на планови за асистенција на другите државни институции (Дирекцијата за заштита и спасување, Центар за управување со кризи и Министерство за внатрешни работи), за справување со природни катастрофи од поголеми размери, во кои се зафатени повеќе стотини илјади од населението, нивните имоти и други добра од општетствено значење.
1.мпбр со своите единици има големо искуство во справување со природни непогоди, како што се поплавите со кои населението на Република Македонија се соочува речиси секоја година.