Согласно планот за билатерална соработка за 2018 година помеѓу Министерствата за одбрана на Република Македонија и Република Турција, во период од 02.07-11.07.2018 година, во Турската Воена академија во Анкара се реализира десеттата „Недела на воена обука, гаѓање и вежба на питомци (UHASAT)“.
Република Македонија на оваа активност зема учество со 4 претставници од Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје. Планираните активности се реализираа на три различни локации: Анкара, Истанбул и Измир.
Целта на оваа активност е обука и размена на искуства на питомците од повеќе држави, како и презентација на обуката која ја реализираат питомците од Турската Воена академија за време на логорувањата. На годинешната „Недела на воена обука, гаѓање и вежба на питомци (UHASAT)“ учествуваа 17 држави со вкупно 70 меѓународни учесници.
Учеството на активности од ваков тип е од огромно значење за Воената академија, а особено за промоција на Армијата на Република Македонија и обуката која таа ја реализира со своите припадници.
С/Г