Согласно активностите од програмата за посета на главниот подофицер на националната гарда на Вермонт, во касарната „Илинден“, командантот на баталјонот на Воена полиција, потполковник Кире Николовски, во работна посета на единицата го прими главниот наредник Тоби Квик, главен подофицер на националната гарда на Вермонт, придружуван од главниот подофицер на Армијата на Република Македонија, главниот наредник Свето Цветковски како и главните подофицери на дел од единиците на Армијата на Република Македонија.
Главниот наредник Квик, преку информативен брифинг имаше можност да се запознае со анализата и заклучоците од реализираната обука за конверзија на вооружувањето со калибар 5.56 мм.
За време на посетата беше разговарано за одличната воена соработка помеѓу двете единици, како и за можни заеднички активности поврзани со заеднички настапи на вежбовни активности .
Оваа посета претставуваше одлична можност за афирмација на припадниците на единицата со високо ниво на професионализам, обученост и вештини при употреба и ракување со нивното лично вооружување од реализираната обука за конверзија на вооружувањето, калибар 5,56 мм. од моделите М-4 и М-249.
Покрај припадниците на баталјонот на Воена полиција, на посетата учествуваа и припадници на баталјонот за Специјални Намени и Ренџерскиот баталјон.
ДГ/ЧС/БН