Денес во просториите на Здружена оперативна команда (ЗОК) беше реализиран прием на претставници од Верификацискиот Центар на СР Германија и Одделението за контрола на вооружувањето од страна на Командантот на генерал мајор Павле Арсоски.
Командантот на ЗОК накратко ги запозна присутните со Здружена оперативна команда и ја нагласи големата соработка што ја има Република Македонија со Сојузна Република Германија.
Во текот на разговорот беше потенцирана постоечката соработка, како и можноста за продлабочување на истата во наредниот период.
По завршување на разговорот, беше реализиран краток брифинг во кој гостите имаа можност да се запознаат со мисијата и задачите на ЗОК и декларирани капацитети.
НЈ