По повод Новогодишните и божиќните празници, воздухопловната бригада традиционално организира акција за разубавување на празниците на одредена група на деца.
Припадниците на воздухопловна бригада во соработка со фирмата „Брза пошта“ – Скопје, обезбедија пакетчиња кои во текот на изминатите неколку дена беа поделени на децата од Државното училиште за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид (ДУРДМОВ) „Димитар Влахов“, посебното основно училиште „др. Златан Сремац“ – подрачна паралелка Ѓорче Петров, граѓанско родителска организација која ги застапува правата и интересите на лицата со интелектуална попреченост „ПОРАКА НАША“ Куманово, како и на децата од селото Сушица како најоддалечено село во опашината Петровец.
Во хуманитарната акција се вклучија сите припадници на воздухопловната бригада за збогатување на помошта и разубавување на празниците на децата од најранливите категории.
Помошта е дел од соработката која што ја има воздухопловната бригада со цивилните структури, а е со цел за продлабочување на веќе воспоставената долгогодишна цивилно-воена соработка.