Спортот и високата физичка подготвеност отсекогаш биле олицетворение на припадниците на полкот. Во духот на фер плејот, спортското дружење и натпреварување денес со свечено отворање од страна на командантот на полкот за Специјални Операции бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев започнаа спортските натпревари со кои се одбележува денот на единицата и воедно јубилејот „25 години Сили за Специјални Операции“.
Спортски екипи од МВР, ЈСП, единици на АРМ кои се распоредени во касарната „Илинден“, амбасадата на САД, заедно со екипите на полкот денес и во наредните неколку денови ќе ги одмерат силите во неколку спортски дисциплини како што се: фудбал, пинг-понг, кошарка, шах, крос кантри трчање итн.
На ден 22.02.2019 година ќе се одржат и неколку ревијални натпревари во шах, кошарка, фудбал и атлетика каде ќе учествуваат спортски федерации од државата.
ЗБ