Во касарната „НХ Страшо Пинџур“ – Петровец, со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на баталјонот за противвоздушна одбрана (бПВО), од составот на воздухопловната бригада (вбр).
Должноста командант на бПВО од потполковник Трајче Денчевски ја прими потполковник Зоран Цикарски, кој до сега ја извршуваше должноста Началник на А-9 секцијата во вбр. На свеченоста присуствуваа командантите на единиците од составот на вбр и пензионирани команданти на бПВО.
Во говорот, заменикот на командантот на вбр, потполковник Стојко Пејовски, ги истакнати досегашните активности кои ги реализираше единицата во изминатиот период и упати честитки до досегашниот и новопоставениот командант.
Досегашниот командант на бПВО, потполковник Трајче Денчевски се заблагодари на персоналот од единицата за укажаната поддршка во текот на неговото извршување на должноста. Новопоставениот командант, потполковник Зоран Цикарски се заблагодари за довербата која му е доверена да биде командант на бПВО и истакна дека крајно совесно и одговорно ќе командува со единицата. Од припадниците на баталјонот на досегашниот командант му беше врачен плакета со лого на единицата.
На крајот на свеченоста со свечениот чин на предавање на военото знаме на единицата се изврши и официјално примопредавање на должноста командант на ПВО.
БИ/ЧС/БН