Командантот на Здружено оперативната команда генерал-мајор Павле Арсоски оствари средба со штабните офицери кои заминуваат во Командата за обука, асистенција и советување – Север (КОСА-С) во мисијата „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан.
За време на средбата, генералот Арсоски им порача дека од нив се очекува достојно и професионално извршување на задачите со што би го задржале и унапредиле нивото на нивните претходници, за што се добиени и многу признанија од надлежните авторитети и со што ќе придонесат за афирмацијата на Армијата.
На штабните офицери им претходеше соодветна стручна подготовка, што претставува потврда за успешно извршување на мисијата и одговор на предизвиците со кои ќе се соочат во следните шест месеци на должностите во рамките на Командата за обука, асистенција и советување – Север (КОСА-С).
ЧС/БН