Во Здружената оперативна команда (ЗОК), Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) и Бригадата за логистичка поддршка (брЛП) реализирана е дводневна инспекција на специфицирана област согласно одредбите на „Виенскиот Документ 2011“. Тимот за инспекција беше во состав од тројца претставници на ВС на Романија и еден инспектор од армијата на Сојузна Република Германија.
Во командите на ЗОК, 1.мпбр и брЛП беше реализиран брифинг за единиците со кој инспекцискиот тим беше запознаен со историјата и мисијата на командите и единиците, организациско-формациската структура и главната опрема, локацијата на потчинетите единици, терените за обука како и активностите на овие команди и единици. По реализацијата на брифингот, претставниците од штабот одговараа на прашањата за кои се интересираа членовите на инспекцискиот тим.
СМ/ЧС/БН