Денес во касарната „Боро Менков“ во Куманово, на полигонот за обука, во присуство на командантот на Здружена оперативна команда (ЗОК), генерал- мајор Павле Арсоски со дел од персоналот во командата и штабот на ЗОК, командантот на пСО бригаден генерал Методи Хаџи-Јанев со клучниот персонал и командантот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), полковник Драган Ковачки со началниците на секции од бригадата командантите и командирите на првопотчинетите единици од составот на 1.мпбр, по реализација на месечниот состанок ја проследија методско показната вежба (МПВ) на тема:”Неутрализирање и уништување на криминално терористичка група”, како дел од практичната обуката на тим од составот на Полкот за специјални операции ( пСО) со припадниците од 1.мпб.
Преку МПВ припадниците од 1.мпб, ја демонстрираа извежбаноста во основните постапки за влегување и чистење на објект и практична постапка за неутрализирање и уништување на криминално терористичка група, како дел од научените лекции со колегите од пСО.
За време на обуката припадниците од пСО им го пренесоа стекнатото знаење и вештини за блиска борба во урбана средина, кои се изведуваат при урбано војување и тимска работа. Пред присутните старешини, припадниците од 1.мпб ги покажаа научените техники, тактики и начинот на движење во урбана и рурална средина развивање на ситуационата свест кај припадниците, правилно и безбедно ракување со вооружувањето со употреба на маневарска муниција и артифиции, развивање на индивидуална и тимска работа.
ГЃ/БН