Во просториите на Здружената оперативна команда (ЗОК) се одржа координативен состанок на кој учествуваа заменикот на командантот на ЗОК, бригаден генерал Орце Јордев, претставници од регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК), Бирото за јавна безбедност и од Црвениот Крст на Република Северна Македонија.
Целта на реализацијата на овој работен состанок беше да се изврши координација за заедничка вежба со организација и функционирање на органите и телата во системот за управување со кризи на регионално ниво во практичните услови при природни несреќи и други непогоди.
Состанокот го отвори заменикот на Командантот на ЗОК, кој ја истакна потребата за организација на ваков состанок и побара сите овие институции да се вклучат во организацијата и реализацијата на оваа национална вежба, чиј носител е ЗОК.
На крајот од состанокот добиена е начелна согласност од горенаведените институции за нивна партиципација на вежбата и се донесе заеднички заклучок со кој се повика на превентивно делување во спроведувањето на мерките „секој на свое рамниште“ како и континуирано одржување на состаноци за поддршка на институциите од сите аспекти и во согласност со барањата добиени од истите.
ЧС/БН