Потврда за континуирано учеството на единиците на Армијата на Република Македонија во активности за зачувување на животната околина како и уредување на животниот простор е и акцијата спроведена на ден 13.12.2013 година (Петок) во касарната Н.Х. „Страшо Пинџур“, Петровец кога се реализира акција за уредување на касарната и засадување на зимзелени садници од бор и чемпрес на површините во касарната.
Во акцијата учествуваа сите единици кои се разместени во гарнизонот Петровец и тоа: првата механизирана пешадиска бригада, воздухопловната бригада и третиот логистички баталјон. Акцијата ја отпочнаа командантите на првата механизирана пешадиска бригада и на воздухопловната бригада, бригаден генерал Павле Арсоски и полковник Кире Колевски како и началниците на секциите, командантите на потчинетите единици од воздухопловната бригада како и целокупниот штаб на првата механизирана пешадиска бригада.
Во акцијата беа засадени неколку стотина садници со план тој број континуирано да се зголемува се до комплетно уредување и зазеленување на целокупните површини од касарната.