Во изминатите три дена на терените во касарната „Илинден“ припадниците од четата за Логистичка Поддршка од составот на полкот за Специјални Операции реализираа обука за поставување и функционирање на извршно логистичко командно место.
Успешното водење на логистичките операции се клучен фактор за успехот на воените операции на сите нивоа на војување, во склад со тоа обуката беше фокусирана на извежбување во поставување и функционирање на извршно логистичко командно место. Дел од задачите кои беа работени беа: подготовка на логистички пакети за реснабдување, подготовка на храна во теренски услови, медицинска поддршка на бојно поле, вршење транспорт и негово обезбедување, вршење на борбен транспорт со ОТ БТР 80 и Хермелин при тоа следејќи ги реалните потреби за водење на специјални операции.
На завршната методско показна вежба припадниците на четата ги демонстрираа способностите, капацитетите и обученоста за вршење на борбено сервисна поддршка во функција на полкот за Специјални Операции, како дел од оперативниот систем на бојното поле.