На покана на командантот на копнените сили на Република Бугарија, генерал-мајор Михаил Попов, командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор Павле Арсоски, присуствуваше на Денот за високи гости на вежбата „Strike Back 19“ на воениот полигон „Ново Село“ во Република Бугарија.
Вежбата која се изведуваше во периодот од 6 јуни до 20 јуни 2019 година на тема „Одбрана на механизиран пешадиски баталјон“, со цел подобрување на планирањето на дефанзивни операции и премин во противнапад, со учество на повеќе од 800 лица, воен персонал од Република Бугарија, САД, Република Грција, Република Албанија и од Република Северна Македонија, како и учество на повеќе од 200 борбени и неборбени возила и воени воздухоплови.
За време на престојот генерал-мајор Павле Арсоски, покрај бројните средби со високи воени претставници од ВС на Република Бугарија и делегациите кои присуствуваа на оваа активност, оствари средби и разговори со припадниците од нашата Армија кои учествуваа на вежбата.
Учеството на овие меѓународни вежби игра важна улога во зајакнувањето на заедничката безбедност. Припадници од Армијата ги разменуваа искуствата помеѓу армиите на земјите учеснички преку заедничко извршување на поставените задачи во текот на реализацијата на споменатата вежба.
ЧС/БН/ПА