Во касарната „Јане Сандански“ во гарнизонот Штип во периодот од 25 до 27.06.2019 година се одржа Главната планирачка конференција (ГПК) за вежбата „Национален одговор 2019“. Конференцијата е со цел успешна подготовка за претстојната вежба за справување со елементарни непогоди, која ќе се реализира во наредниот период на полигонот во касарната во гарнизонот Штип.
На ГПК, покрај учеството на припадници на Министерството за одбрана, Генералштабот и повеќе единици на Армијата, учествуваа претставници од следните институции: Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Штабот за справување со кризи на општина Штип, Министерството за внатрешни работи, Министерство за здравство, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Црвениот крст, Противпожарната единица од Штип, ЕВН, претставници од општините Кочани, Виница и Зрновци и претставник од ЈП „Исар“.
На ГПК беа изработени документи за детализирање на бројот на учесници, настани и инциденти, работни точки, МТС и средства за врски. Исто така беше изработен и План и сценарио за вежбата, како и План за Финалната планирачка конференција планирана за реализација на почетокот на месец септември 2019 година.
СИ/ЖЈ/БН