Во периодот од 08.07. до 11.07.2019 година во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во гарнизонот Кичево се одржа работилница за подготовка на претстојната вежба „Национален одговор 2019“.
Тимовите, под раководство на директорот на вежбата, полковник Жикица Јовановски, во текот на активноста извршија ревидирање на целите за обука, изработија сценарио за вежбата и динамика според која таа ќе се одвива, референтни побарувања како и изработка на листа на главни настани и инциденти на вежбата.
На крајот се донесоа заклучоци за сработеното и за идните задачи кои престојат, а ќе се реализираат на финалната планирачка конференција од 03.09. до 05.09.2019 година, по која следува и самата вежба која ќе се одржи во гарнизонот Штип во периодот од 16.09. до 20.09.2019 година.
СФ/БН