Денес, 25 февруари во кругот на касарната „Kузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, беа одбележани патронатот на касарната и 70 годишнината од загинувањето на Народниот херој Кузман Јосифовски-Питу.
На свеченоста, покрај припадниците од третиот механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), беа присутни и бројни гости, меѓу кои и претставници на локална самоуправа, верските заедници, здруженија на граѓани и невладини организации.
„Во Македонскиот национален фронт треба да стапат сите чесни Македонци, без разлика на досегашната определба, народност, вера и пол“, зборовите на херојот беа завршни зборови за рефератот кој на денешната церемонија беше прочитан пред присутните.
По ова следеше свечен говор од страна на командантот на 3.мпб, интонирање на химната на Република Македонија од страна на хорот „Менада“ и одавање на почит кон херојот со едноминутно молчење.
Церемонијата заврши со полагање на свежо цвеќе на бистата на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу.