Во период од 23 до 27.09.2019 година на АП ,,Криволак“, припадниците на артилерискиот баталјон (артб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада, реализираа стационарно логорување и артилериски боеви гаѓања (АБГ).
За време на логорувањето на АП ,,Криволак“ можеше да се види одлична извежбаност и подготвеност на единицата на теренот, демонстрирана со успешна реализација на АБГ со повеќецевен ракетен фрлач (ПЦРФ 128 мм) и АБГ со хаубица 105 мм со вметната цевка 20 мм.
Во обиколка на гаѓањето беше и Заменикот на командантот на Здружената Оперативна Команда, бригаден генерал Орце Јордев и командантот на 1.мпбр, полковник Бесник Емини.
Реализацијата на вакви гаѓања бара добра извежбаност и брзина за уништување на целите од страна на посадите, потребен е висок степен на обученост, добра кондиција и координација, што практично го покажаа припадниците од артб за време на реализацијата на гаѓањата со прецизни погодоци во целите.
ВХ/ГЃ/ЧС/БН