Во период од 23.09. до 27.09.2019 година баталјонот за Противвоздушна одбрана (бПВО), од составот на воздухопловната бригада (вбр), на АП „Криволак“, со персоналот кој е во состав на деклариран вод ПВО, реализираше стационарно логорување со боеви гаѓања со противавионски топ (ПАТ) 20/3 мм.
За време на логорувањето реализирани се боеви гаѓања со ПАТ 20/3 мм на цели на земја на реден број 1 и 2 и боево гаѓање на цели во воздушен простор (ВоП) на реден број 5 (падобранци).
Одделенското боево гаѓање на цели на земја и водното боево гаѓање на цели во ВоП, се дел од редовните и планирани активности на бПВО. Овие гаѓања имаат за цел стекнување на поголемо искуство при ракување со орудијата и подобрување на степенот на обученост на припадниците од составот на бПВО.
Планираната активност беше успешно реализирана, при што припадниците на бПВО покажаа висока подготвеност и обученост во ракувањето со ПАТ 20/3 мм, што резултираше со високи оценки согласно стандардите за оценување на овие видови на гаѓања.
ГИ/НЈ