Денес во посета на полкот за Специјални Операции беше Претседавачот на Воениот Комитет на ЕУ.
Високата делегација од Воениот комитет на ЕУ предводена од генералот Клаудио Грациано беше пречекана од страна на командантот на полкот за Специјални Операции бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев.
Пред гостите од Воениот комитет на ЕУ, припадниците на ренџерскиот баталјон демонстрираа постапки при реакција на контакт, додека припадниците на баталјонот за специјални намени во својата работна точка ги демонстрираа капацитетите на повеќенаменската алпинистичка кула, како и способностите за вертикален маневар при реализирање на поставена задача.
ЗБ