По повод одбележувањето на тринаесет години на трагично загинатиот Командант на Баталјонот на Воена полиција капетан 1 класа Љупчо Мирчовски денес (28 март 2014 година) пред Командата на баталјонот воена полиција (бВП) во касарната „Илинден“ Скопје беше положено свежо цвеќе и изразено сочувство на семејството на загинатиот Командант пред спомен обележјето пред Командата на бВП.
Свежо цвеќе положија делегации од Командата на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) на АРМ, Сектор Службата за Воена Безбедност и Разузнавање (ССВБиР), полкот за специјални операции (пСО), припадници од МВР, членови на семејството на загинатиот Командант, роднини, пријатели и припадници од резервниот состав.
„Со неговите позитивни особини и упорност во работата ни даваше поголем морал за извршување на задачите. Секогаш ќе се сеќаваме на неговиот придонес кој го имаше во Воената полиција и никогаш нема да биде заборавен од нивните припадници. Со гордост ќе се сеќаваме на неговиот лик и дело и секогаш ќе се гордееме што бевме негови соработници“ – беше истакнато на денешното одбележување.