Персоналот од 4.механизиран пешадиски баталјон (4.мпб) – Кичево од 1.механизирана пешадиска бригада ги реализираше планираните вежбовни активности и гаѓања со оклопен транспортер „Хермелин“ на АП Криволак, со декларираната чета за Заштита на сили од составот на борбената група на Европската Унија (ЕУБГ 2014-2).
На стационарното логорување, обуката се реализираше на неколку различни локации, а на секоја од нив персоналот се запозна со предностите, ограничувањата и можностите кои ги нуди теренот на АП Криволак.
Како и секогаш „Леопардите“ од 4.мпб постигнаа одлични резултати и ги исполнија бараните критериуми и стандарди во борбените постапки и изведување на тактичките вежби со боеви гаѓања на механизираните пешадиски одделенија и водови.
Вежбовните активности продолжуваат со персоналот од извидувачката чета од составот на Средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) на претстојната вежба „Македонски Блесок 10“ која ќе се реализира во период од 05-12.04. 2014 година на АП Криволак.