Во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“ во Петровец денес се одржа свеченост по повод прием на должност командант на баталјон за против воздушна одбрана (бПВО).
На свеченоста покрај командантот на вВИНГ полковник Стојко Пејовски присуствуваа и командантите на потчинетите единици и началниците на секции во вВИНГ.
Командантот на вВИНГ во своето обраќање од новоназначениот командант мајор Кире Илиев побара продолжување на работата и обуката на персоналот како и максимална ангажираност во извршување на добиените задачи како на командантот така и на персоналот од единицата.
Во својот говор новоназначениот командант мајор Кире Илиев се заблагодари за укажаната доверба да командува со единицата и истакна дека му е чест да работи со професионалци како што се припадниците на ПВО.
ГИ/ЧС/OJ